Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт, по синоќешната победа (3:1) над Италија во квалификацискиот натпревар, ја именува својата селекција во фаворит за освојување на Европското првенство 2024.

Многу сум среќен поради победата. Знаеме дека натпреварите против најдобрите нации се игри на кои сакаме да направиме чекор напред. Мислам дека веројатно сме во најтешката квалификациска група. Уште од сега врз нас постои притисок за успех на Еуро 2024. Мислам дека треба да го прифатиме. Реалноста е дека ние ќе бидеме еден од фаворитите за освојување на Европското првенство, изјави Саутгејт.

Англија има 16 бода од шест натпревари и е на првото место во поредокот од групата Ц. На 17 ноември Англичаните на домашен терен играат против Малта, а на 20 ноември ќе и гостуваат на македонската репрезентација.

OhridNews