Изненадувачкиот добар почеток на Саутемптон на новата премиерлигашката сезона имаше кулминација вечерва, откако „светците“ со триумфот на домашен терен над Њукасл 2-0 (1-0) се искачија на врвот од табелата.

Саутемптон триумфот и трите бодови кои ги лансираа на првата позиција на табелата ги обезбедија со по еден постигнат погодок во двете полувремиња. Во првиот дел погоди Че Адамс, додека во вториот прецизен беше Стујарт Армстронг.

Во воведниот меч од осмата рунда Брајтон и Барнли ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0.

OhridNews