Манчестер Јунајтед ја забележа најубедливата победа сезонава во Премиер лига, совладувајќи го Саутемптон со неверојатно 9-0 (4-0), на „Олд Трафорд“, во 22-та рунда од англискиот шампионат.
„Светците“ со голем хендикеп се соочија уште на старот од мечот кога Јанкевич доби директен црвен картон после остриот старт над МекТоминеј. „Црвените ѓаволи“ максимално ја искористија бројчаната предност и со четири голови во првиот дел ја најавија победата. Домаќините во вториот дел не застанаа, туку продолжија да го газат противникот, кој го дотолчија со пет нови голови во мрежата.
Стрелци за Манчестер Јунајтед беа Ван Бисака, Рашфорд, Кавани, Фернандес, МекТоминеј, Џејмс, Марсијал кој беше два пати прецизен и Беднарек кој си постигна авто гол.
- Премиер лига:
Шефилд Јунајтед – ВБА 2-1
Вулверхемптон – Арсенал 2-1
Манчестер Јунајтед – Саутемптон 9-0
Њукасл – Кристал Палас 1-2
Табела: Мен Сити 44 (-2), Мен Ју 44, Ливерпул 40, Лестер 39, Вест Хем 35…
OhridNews