Англиската фудбалска репрезентација против Швајцарија в недела ќе се бори за третото место на завршниот турнир од елитната група во Лигата на Нации. „Гордиот албион“ во полуфиналето изгубија од Холандија, која славеше 3-1 после дополнителни 30 минути продолжение.

Селекторот на англичаните, Герет Саутгејт не размислува за промена на стилот на игра а застана во одбрана на своите избраници кои немаа добар перформанс во продолжението.

– Таквиот начин на игра ни донесе прво место во групата и пласман во завршницата од Лигата на Нации и не гледам причина да го менуваме. Не изгубивме поради начинот на игра, туку поради заморот и лошата завршница. Грешевме и пред да ги примиме головите, но тогаш противникот погоди и не казни. Нема потреба Баркли и Стоунс да бидат тажни, бидејќи секој може да погреши. Треба и мора подобро да ја изнесуваме топката, но овој пат невозможно беше поради заморот. – рече Саутгејт.

Во финалето в недела Холандија ќе се сретне со Португалија. Победникот обезбедува директен пласман на Европското првенство следната година.

OhridNews