Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал и неговата инвестициона компанија “Kingdom Holding” соопштиле дека вложиле 230 милиони евра и купилe стратешки дел од акциите во друштвената мрежа Твитер.

Воо соопштението на комапнијата било наведено дека нивната инвестиција само го потврдувала фактот дека се заинтересирани исклучиво за компании кои ветуваат и кои се со висок раст и глобално влијание. Принцот Ал-Валид, внук на саудискиот крал Абдалах, имал репутација на бизнисмен кој вложувал во големите западни компании.