На 16 јануари во Саудиска Арабија екипите на Јувентус и Милан ќе ги одмерат силите во италијанскиот Супер куп.
Мечот помеѓу победникот во националниот шампионат и Купот или финалистот каков што е случајот моментално обично се игра на почетокот од сезоната, но италијаните ја сменаа оваа традиција и со дуелот во Супер купот означуваат старт на втората полусезона.
Италијанскиот Супер куп нема прв пат да се игра надвор од границите на земјата. Домаќини претходно на најдобрите екипи од „калчо“ лигата беа Триполи, Њујорк, Доха, Шангај.
Јувентус и Милан се натрофејни екипи со по седум освоени титули, а една од нив ќе избие на чело после меѓусебниот дуел на 16 јануари.
OhridNews