Мека ќе стане дом на најголемиот хотел на планетава, а главните работи би можеле да почнат уште во 2017 година. „Абраџ Кудаи“ ќе биде во центарот на градот кој годишно го посетуваат 15 милиони муслимани, така да бројот на гости и пополнетоста на хотелот не би требало да биде проблем. Со дванаесет 44-етажни кули, во кои вкупно ќе има околу 10 илјади соби, хотелот ќе зазема огромна површина од повеќе од 427 илјади квадратни метри. За проектот е задолжена куќата “Dar Al Handasah”.

 

Првите работи на проектот вреден речиси 3 милијарди евра веќе се започнати, а комплексот ќе содржи и 70 ресторани, неколку хелиодроми, цели катови кои ќе бидат резервирани исклучиво за членови на кралски и семејства на шеици, како и една од најголемите куполи на светот. Десет од дванесет кули ќе бидат резервирани за услуги со 4 ѕвездички, додека преостанатите две ќе ги содржат најлуксузните услуги кои хотел може да ги понуди.