Вечерва граѓаните и туристите, доколку временските услови го дозволат тоа, ќе можат да ги набљудуваат Месечината и планетата Сатурн, за што ќе биде поставена соодветна опрема во близина на пристаништето.
Покрај ова планирана е изложба на 43 астрофотографии направени од членовите на скопското астрономско друштво за време на теренските набљудувања во изминатите 10 години.
Целите на проектот се популаризација на астрономијата, особено кај најмладите и зголемување на интересот за истражување и наука кај граѓаните, велат од скопското астрономско друштво. Долгорочно се планира отворање на астрономски клубови во градовите каде што ги нема, како и поттикнување на училиштата повеќе да ја застапат астрономијата во наставните програми во основното и средното образование.
Проектот „Астрономски караван 2009“, е дел од активностите со кои астрономското друштво од Скопје ја одбележува меѓународната година на астрономијата.