Екипата на Сатеска во финалето од плејофот во Општинската фудбалска лига ја совлада Воска со 1-0 и обезбеди бараж во мечевите за влез во Третата лига.
Стрелец на победничкот погодок во натпреварот кој се одигра на „Атина Бојаџи“ за „црвените“ беше Игор Бочески од белата точка во 72-та минута.
Сатеска заедно со шампионот од ОФЛ, Лакочереј ќе играат во баражот, а можни противници се Делогожда и Корошишта од Струга, Јилдимирспор и Лирија Грнчари од Ресен и Могила и Поешево од Битола.
Ждребката за двојките во баражот е на 25 мај, а во првото коло неможат да се сретнат екипи од исти сојуз.
Во зависност од исходот на Велешта во баражот за влез во Втората лига ќе се знае колку екипи ќе се приклучат во Третата МФЛ.
Мх.П.