Фудбалерите на Сатеска од Волино триумфираа на завршницата од Општинската фудбалска лига.

Во финалето кое се одигра на градскиот стадион „Атина Бојаџи“ „сините“ со 3-1 го совладаа составот на Воска.

Со двата погодоци на Игор Маркоски екипата на Сатеска поведе со 2-0. На 3-0 зголеми Сашо Козоски додека конечните 3-1 ги постави Роберт Усеинов.

За влез во Третата фудбалска лига Сатеска ќе мора да одигра уште еден натпревар, а противникот ќе го дознае в понеделник во 14 часот за кога е закажана ждребката.

Мх.П.