Екипата на Фљамуртари од Радолишта е противникот на Сатеска во баражот за влез во Третата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Сатеска триумфираа на завршниот турнир во Општинската фудбалска лига од охридскиот регион.

Ако успее екипата на Сатеска да обезбеди пласман во Третата лига ќе биде втор преставник на Охрид по тимот на Вулкан.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 17 часот на градскиот стадион во Струга.

Покрај овој натпревар се игра уште еден и тоа Јилдиримспор – Лисолај 2010.

Мх.П.