Екипите на Сатеска и Дебрца ќе ги одмерат силите во финалето од Општинскиот куп кој за победникот гарантира учество во Купот на Македонија следната сезона.
Фудбалерите на Сатеска на домашен терен со 2-1 го совладаа лидерот на табелата во Општинската фудбалска лига, Охрид.
Тимот на Дебрца претходно на теренот со вештачка трева на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ го совлада составот на Лакочереј.
OhridNews