Охридскиот преставник во Купот на Македонија, Сатеска имаше неуспешна авантура откако со службени 3-0 го загуби мечот со Брегалница во 1/16 финалето. Фудбалерите на Сатеска немаат соодветни лекарски прегледи без кои неможе да се започне натпревар.
– При проверка на спортските легитимации констатирав дека не се направени нови лекарски прегледи на домашните фудбалери. Нивните печати се од 2012 години и не беа валидни бидејќи се истечени пред шест месеци и немаат право на настап – стоеше во записникот.
Сезонава Охрид исчезна од фудбалската мапа во Македонија. Неисполнувањето на условите за настап на меч од Купот на Сатеска преставува нов голем удар за најпопуларната игра во светот што не е случајност во нашиот град.
Мх.П.