Екипите на Лакочареј и Сатеска кои се дел од охридскиот фудбалски сојуз (ОФС) ќе добијат нови противници во бараж мечевите за влез во Третата лига.
Вака одлучи Управниот одбор на Третата лига југо-западен регион усвојувајќи ја жалбата на ОФС од Македонски Брод за немање противник во баражите.
Деветта екипа во баражот е тимот на Пролетер, а ждребката за двојките е закажан за понеделник во 17 часот во Општинскиот фудбалски сојуз во Струга.
Покрај охридските Лакочереј и Сатеска и новата екипа Пролетер во баражот се наоѓаат уште Делогожда, Поешево, Корошишта, Лисолај, Лирија и Јилдиримиспор.
Мх.П.