Фудбалерите на Сатеска успешно ја минаа првата пречка во баражот за Третата лига победувајќи ја Могила со 5-2.
„Црвените“ доминираа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ја прескокнаа Могила.
Водството 2-1 од првото полувреме Сатеска во второто го задржа и го зголеми за конечни и убедливи 5-2.
Во втората фаза од баражот Сатеска ќе се сретне со тимот на Пролетер, кој доаѓа од Македонски Брод.
Покрај екипата од Волино пласман во понатамошниот дел од баражот обезбеди Лирија, која по изведување на пеналите со 6-5 го совлада тимот на Делогожда.
Мх.П.