Реката Сатеска со години е една од најжешките еколошки точки во сливот на Охридското Езеро. Покрај фосфатите(предизвикуваат еутрофикација на Охридското Езеро)  од вештачкото ѓубриво предизвикуваат што го употребуваат земјоделците во Дебрца, Сатеска во Охридскто Езеро носи и големи количини најразличен цврст отпад.


што се носи Сатеска во Ох. Езеро

Покрај тоа,местото каде оваа река се влева во Охридското Езсеро е претворено во вистинска депоонија. Тука се фрла се и сешто, од градежен шут до покуќнина. Просторот од време на време се расчистува, но без ефект, зошто веднаш потоа се враќа старата слика. Комуналните инспектори креваат  раменици, бидејќи, како што велат, законот не им дава можност да изрекуваат мандатни казни, а прекршочните пријави што ги поднесуваат заглавуваат во судските лавиринти.


Гума скапува покрај Сатеска


и тепих

Екологистите веќе подолго време бараат враќање на реката Сатеска во старото корито,  како една од мерките за заштита на Охридскто Езеро. Но ќе помогне ли тоа или било кое друго решение, ако граѓаните не престанат несовесно да се однесуваат и фрлаат отпад каде ќе стигнат?


на пластиката и треба 1 милион години да се распадне во природата

г.м.