Системот на сателитска навигација ќе ги пренесува координатите на движење на рускиот Дедо Мраз во специјален центар, кој подоцна информациите ќе ги префрла на интернет, за да можат сите да го пратат неговото традиционално новогодишно патешествие. Со ваков систем минатата година биле опремени санките на Дедо Мраз.


Техничките иновации се составен дел од модерниот живот. Поради тоа Дедо Мраз го совладал користењето на компјутерите, па сега прима мејлови од децата, има блогови на друштвените мрежи и користи мобилен телефон за да комуницира со останатите луѓе.