Сателит на НАСА неконтролирано итал кон земјата, а ќе се сруши на крајот на септември или почетокот на октомври. Тежок бил повеќе од шест тона и стар 20 години, а никој сеуште не знаел каде ќе падне. НАСА тврди дека шансите сателитот да падне во урбана средина се минимални, но 40 проценти од масата на сателитот би можела да го преживе минувањето низ атмосферата.


Значи, станува збор за направа која би можела да се сруши во длабочините океаните, но и на било кое населено место. Инаку, причината за овој неконтролиран пад е во фактот што сателитот останал без гориво, а неговата патека на движење било невозможно да се прилагоди.