Трката за титулата во Серија А заврши за Интер, откако „нероазурите“ пред своите гледачи ремизираа 3-3 (2-1) против тимот на Сасуоло. Сасуоло прв поведе во мечот, но Интер беше екипата која водеше со 3-2 пред крајот на мечот и беше блиску до победа. Гостите со гол во 90-та минута останаа непоразени и му ги скратија крилјата на Интер во битката за титулата. Интер кој моментално е треропласиран на табелата заостанува осум бодови од лидерот Јувентус.

OhridNews