Услов за развој на спортот е постоење на соодветна инфраструктура, истакна кандидатот за советник на СДСМ Сашо Ставрески на денешната прес конференција на СРЦ „Билјанини озвори“. Тој најави модернизација на спортската инфраструктура и реализација на многу проекти во спортот.

-За таа цел ќе создадеме модерен спортски комплекс во рамките на СРЦ „Билјанини извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти кои ќе претставуваат физичка, функционална и техничко технолошка целина со сите потребни инсталации и опрема наменети за различни спортско ререкреативни активности. Со вложување во модернизација на спортските објекти ги подобриваме условите за развој на спортот во Охрид, функционирањето на постоечките спортски клубови и развој на спортскиот туризам. – рече Ставрески.

Интенција е, рече Ставрески, покрај ракометот и кошарката да имаме и други успешни клубови во македонскиот спорт, а целта ќе биде и зголемување на бројот на спортски екипи кои ќе доаѓаат на подготовки во Охрид.

-Во спортот ќе вложуваме и преку новите спортски сали кои ги предвидуваме во ОУ „Братство и Единство“ во Лескајца, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец и во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Правилниот раст и развој на децата преку спортување е од повеќекратно значење. Натпреварите на спортските училишни тимови привлекуваат голем број на деца да спортуваат и да изградат здрав дух и здраво тело. Со овие инвестиции многу деца добиваат можност за секојдневни спортски активности. Ќе организираме и Месец на спортот кога спортските објекти низ градот ќе ги отворат спортските објекти за бесплатно спортување во месецот на спортот. Обезбедуваме спорт за сите. – додаде Ставрески.

Во врска со големите долгови на ЈП „Билјанини извори“ поради кои тоа во неколку наврати се соочуваше со исклучување на струјата. Ставрески рече дека новата локална самоуправа има план како да го раздолжи задолженото јавно претпријатие и да ја модернизира спортската инфраструктура во градот.

OhridNews