Охриѓанецот Сашо Максимоски од 15 до 17 април ќе биде дел од големиот пикадо турнир во Германија на кој ќе учествуваат најдобрите пикадо мајстори од земјава.
На турнирот во Германија главната награда изнесува 19 000 евра, а ќе се натпреваруваат во три категории, машка, женска и детска.
Во првиот месец од годинава Максимоски имаше успешен настап во романскиот град Букурешт каде обезбеди пласман меѓу 30 пикадо мајстори во Источна Европа.
OhridNews