Немањето слух и оптимални услови за тренинг во родниот град, (ќе) го примора спортистот за 2012 година во Охрид, Сашо Лескароски, да си ја проба среќата во друга средина.
На адресата од Лескароски по завршувањето на „Златниот гонг“ пристигна понуда од тренерот и воедно селекторот на македонската репрезентација, Петар Чурлинов, за трансфер во штипска Баргала.
Од клубот, ако премине во нивните редови на Лескароски му нудат сигурно учество на Светското и Европското првенство што ќе се одржат следната година, нешто што неможеше ни да го замисли во охридскиот клуб.
До сега Лескароски беше дел од македонската селекција, но ниту еднаш не настапи на едно такво големо натпреварување.
Беше на чекор од настап на ЕП во Москва, но финансиите одиграа главна улога и пропадна шансата за европската презентација на Лескароски.
Првиот човек на Штип, кој е голем вљубеник во боксот, сите членови во клубот ги мотивира со премии што исто така ги нема во охридските редови.
За сериозноста и амбициите на штипскиот боксерски клуб говори фактот дека тие се главни спонзори на националниот шампионат.
Мх.П.