Сашо Донев повторно е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. На предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот комитет на партијата на Донев му довери уште ееден четиригодишен мандат.
Моја лична одговорност ќе биде во наредниот период да продолжам заедно со Вас во борбата за ослободување на Охрид од криминалот и корупцијата како и од урбаната, културната и еколошката деградација. Ветувам дека секој глас ќе биде чуен а секој добронамерник во борбата за поубав Охрид добредојден и вреднуван. Час поскоро сите заедно да се обединиме во борбата за ослободување на Охрид и Македонија од канџите на корумпираните и тотално неспособните политичари на власт. Вековит да ни е Охрид и честит и вековит да ни е денот на независноста на нашата Македонија! – нашиша Донев на социјалните мрежи по повод реизборот на функцијата претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
OhridNews