Со одлука на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, за вршител на должност директор на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, денеска е назначен Сашо Алче.


Сашо Алче в.д. директор на ЈП „Охридски Комуналец“

Избраниот в.д. директор е еден од тројцата кандидати кои се пријавиле на конкурсот за избор на раководител на „Комуналец“. Како што не информираше портпаролот на општина Охрид, Никола Манески, Алче на функцијата в.д. директор се назначува времено, за да се овозможи непречена работа на претпријатието до конечниот избор на директор, што треба да го направи градоначалникот кој од утре заминува на службен пат.

Од локалната информираат дека именувањето на директори на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, „Проаква“ и „Билјанини извори“, Петрески ќе го официјализира по вреќањето од службен пат.

Ohridnews