Сашко Богески кој на 21 мај во самоодбрана го усмрти провалникот Валадимир Маниќ во својот стан во Белград, денеска е пуштен да се брани од слобода, пренесува српски „blic“.

По повод овој случај во Белград и другите поголеми градови на Србија над 40000 луѓе се потпишаа на петицијата за ослободување од притвор на Богески.

Сашко емотивно ја примил веста за ослободувањето од притвор, изјавувајќи дека е среќен што конечно ќе биде со семејството.

38-годишниот Богески бил пуштен да се брани на слобода по писмен предлог на одбраната, на што се противеле истражниот судија и обвинителството.

OhridNews
извор:„blic.rs“