Ракометарите на Охрид со 28-23 го совладаа тимот на КЛ7 и обезбедија пласман во финалето. „Гладијаторите“ одиграа маестрално, особено на почетокот од мечот кога се одлепија на семафорот. Стекната предност ја задржаа до крајот за огромна радост во СРЦ „Билјанини Извори“ и меч со Металург вреден титула.

  • Тоа што се договоривме на последниот состанок го исполнивме во целост и заслужено победивме. Имавме мала криза, што е очекувана за меч со темпо какво што игравме двете екипи, но успеавме да ја пребродиме и да славиме победа. Сите мисли ни беа насочени кон мечот со КЛ7 не размислувајќи за исходот од другиот меч. За Металург ќе размислуваме вечерва и утре кога ќе одржиме состанок и ќе се договориме како ќе играме. Наша желба и цел е титулата и ќе сториме се` да стигнеме до неа. – изјави тренерот на Охрид, Саше Ристески.

Финалниот натпревар се игра во 17:30 часот, а противник на охриѓани ќе биде скопски Металург. Во малото финале ќе се сретнат Струга – КЛ7 во 15:30 часот.

OhridNews