Комичарот Саша Барон Коен минатата година бил најдобро платен британски актер во Холивуд, а неговата заработка изнесувала преку 20 милиони евра. Коен своето парично салдо го должи да филмовите „Диктатор“ и „Јадници“, кои одлично минале кај публиката во кино салите.
Интересно е тоа што на тој начин Саша Барон Коен ја презел титулата од ѕвездата на вампирскиот серијал Роберт Патисон, но сепак не успеал да се најде на листата на Форбс, бидејќи наводно не бил доволно познат.