Предвидената контролка на Металург со српскиот суперлигаш Сартид од Смедерево вчера не се одигра поради лошите услови на теренот во селото Косел. Дуелот требаше да се одигра завчерана Билјанини Извори, а снегот го одложи, но условите одново беа непогодни.


Играчите заедно со судиската тројка пристигнале на теренот во Косел но екипата на Сартид не го бендисала теренот па  „контролката“, била откажана ,  а наместо меч, „железарците“ одработија тренинг.
М.П.