Непослушноста на голманот на Челси, Кепа Азирабалага и победата на Манчестер Сити после изведувањето на пеналите го одбележаа финалето во англискиот Лига куп. Менаџерот на „сините“, Маурицио Сари полуде, откако шпанскиот голман одби да ја напушти играта минута подоцна после интервенција од докторскиот тим на Челси.

Тоа што се случи беше недоразбирање. Голманот два пати се пожали на повреди и мислев дека нема да може да продолжи. Не сакав да ризикувам да брани повреден голман во пенал рулетот. Кога дојде докторот ми кажа дека ситуацијата е добра и во право е фудбалерот кога реагира така. Единствено можам да замерам за начинот и ќе треба да разговараме за тоа. – изјави Сари.

Италијанскиот стручњак се наоѓа под голем притисок за својата иднина во Челси, а потегот на голманот само ја отсликува хаотичната ситуација на Стемфорд Бриџ. Капак на се тимот од Лондон се соочи со вето од ФИФА за трансфери во следните два преодни рокови во светскиот фудбал.

OhridNews

Голманот бунтовник го посрамоти Челси, „граѓаните“ победија во Лига купот (видео)