Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, смета дека неговиот тим незаслужено загуби синоќа од Лацио во дербито на 27. коло на италијанската Серија А.
Покажавме добра игра, доминиравме во првото полувреме. Во второто полувреме малку загубивме и ја плативме цената, примајќи гол во самиот финиш на натпреварот. Меѓутоа, ако пред три месеци сите мислеа дека Наполи е премногу тежок за нас, тогаш денеска имавме одлични шанси – имавме повеќе шанси за гол. Треба да научите како да ја читате играта за да постигнете резултати. Ова е прашање на детали, бидејќи денеска одигравме добро и не заслуживме да загубиме, истакна Сари за „Football Italia“.
Лацио е седми во Серија А со 43 бода, додека Наполи е на делба на првата позиција со Милан со по 57 бодови.
OhridNews