Фудбалерите на Челси ја загубија четвртата позиција на табелата, а ниту иднината на менаџерот Маурицио Сари не е сигурна, откако клубот од Стемфорд Бриџ претрпе убедлив пораз 4-0 од Бурнмаут. „Сините“ паднаа на петтата позиција, а ги преткна Арсенал кој славеше 2-1 против Кардиф на домашен терен.

  • После поразот од Арсенал бев лут, а сега сум фрустриран. Не можам да верувам како и колку лошо го одигравме второто полувреме. Се трудам да си разјаснам зошто игравме така но не можам. Грешката е моја. Не ги мотивирав фудбалерите доволно и сега ситуацијата е многу лошо и сакам да знам зошто е така. Во првото полувреме игравме добро, но откако го примивме погодок престанавме да бидеме екипа. – изјави Сари.

Италијанскиот стратег најави почеток во клубот и многу работа околу неговата филозофија која играчите не можат се уште да ја разберат. – Мислев дека фудбалерите го прифатија и разбраа мојот стил на игра но очигледно не е така. Затоа губиме и трпиме последици. Мора да работиме на базата, потоа на играта. 

На „сините“ не им помогна ниту Гонзало Игуаин кој имаше деби за заборав. Аргентинецот играше 60-тина минута и не направи апсолутно ништо пред да биде заменет.

OhridNews

Ливерпул не го искористи поклонот од Њукасл, дебакл на Челси (видео)