Актуелниот првак и водечка екипа во Серија А, Јувентус со пораз од Лион во Франција (1-0) ги започна елиминациските натпревари во Лигата на Шампиони. „Старата дама“ во реваншот на домашен терен во Торино ќе мора да победи со најмалку два голови разлика за сигурен пласман во ТОП 8 или пак ќе се соочи со прерана елиминација од елитното клупско натпреварување.

Причините за поразот во Франција, тренерот на Јувентус Маурицио Сари ја најде во лошата игра на своите избраници со топка и движењето на теренот. Тој во изјавата после средбата со Лион ги критикуваше фудбалерите дека не ја разбираат играта и оти се прават спротивно од договореното.

Полека ја пренесувавме топката. Природно е противникот тоа да го искористи, да не притисне и да стигне до водечки погодок. Ни недостигаше одлучност, агресија во текот на нападите и малку среќа, затоа што погодокот го примивме кога на Де Лихт покрај аут линијата му се санираше повредата. Незнам зошто не можам да ги натерам фудбалерите да разберат дека преносот на топка е многу важен. Тоа е основно. Ќе продолжиме да работиме, порано или подоцна овој концепт ќе им влезе во главата. На тренингот топката се движеше многу добро, а на натпреварот играчите правеа се спротивно. – изјави тренерот на Јувентус.

Возвратниот натпревар во Торино се игра на 17 март. Јувентус нема многу време за тагување после поразот бидејќи викендов ги очекува дерби пресметка со Интер во Серија А.

OhridNews