А селекцијата на Македонија претрпе пораз (3-1) од репрезентацијата на Иран во контролниот натпревар кој двете селекции го одиграа на „Филип Втори“.


Избраниците на селекторот Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Иранците во чии редови блескаше 21-годишниот напаѓач на Ростов, Сардар Азмун.

Момчето кого во татковината го нарекуваат „Ирански Меси“, ги постигна сите голови за селекцијата која ја предводи познатиот Португалец Карлос Кеирош.

Азмун погоди во осмата, 20-та и 60-та минута, додека Македонија во 10-та минута успеа да израмни со голот на Александар Трајковски.

OhridNews