Како што информираат босанските медиуми, утрово, главниот град на Босна и Херцеговина, осамна прекриен со снег од неколку сантиметри.


И покрај најавите за ниски температури и врнежи, сепак денешниот призор на сараевските улици бил вистинско изненадување за жителите на Сараево.

Информациите се дека снежните врнежи во Сараево сеуште траат и дека температурата на воздухот е нула степени целзиусови.


Снег врне и во неколку други градови во Босна и Херцеговина.

OhridNews