Убавицата која има само 24 години, а веќе ја освојува светската сцена на најубав можен начин на своите обожаватели им посака да имаат убав ден. Топлес изданието на најновиот ангел во јатото на Викторија Сикрет ги воодушеви сите оние кои ги листаа нејзините Инстаграм фотографии.

 

Сара, пред да стане дел од јатото, ги красеше насловните страници на светските списанија и промовираше костуми за капење, пред се поради својот сензуален изглед. Португалската манекенка најчесто ја споредуваат со Адријана Лима, а се чини дека Сара Сампаио ќе успее да ја симне од тронот бразилската близначка.