Ѕвездата на култната серија „Бафи ловец на вампири“ го родила свето второ дете, син, кој го има со Фреди Принц Џуниор. Сара и Фреди се во брак веќе десет години. Ја имаат уште и тригодишната ќерка Шарлот Грејс. Сеуште не го објавиле името на момчето.

Нивниот претставник за медиумите рекол дека се пресреќни што можат да објават дека нивното семејство добило нов член. Актерите се запознале за време на снимањето на филмот „Знам што правеше минатото лето“. Тогаш почнале да се забавуваат, а во брак се веќе една деценија.