Младата хероина Сара Настеска благодарение на хуманоста на сите граѓани го започна лекувањето во специјализираната детска клиника во Германија, каде треба да и биде пресадена коскена срж, официјално објави нејзиното семејство.

Операцијата чини 200.000 евра, а клиниката прифатила да започне лекувањето без оглед што не се уплатени сите средства.

 

Благодарение на Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.

Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.

Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.

Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески

OhridNews