Познато е дека Сара Џесика Паркер не се плаши од бои и примероци, па ниту од оние кои понекогаш се дискутабилни. Популарната актерка избрала кобалтно син мантил со потпис на Келвин Клајн од неговата Ресорт колекција за 2015 година. На тој начин ги заобиколила вообичаените нијанси кои се најчести кај мантилите: сива, кафена, маслинеста и крем.

Од детали избрала очила за сонце со рефлектирачки стакла, мала црна Келвин Клајн чанта, црни лакирани салонки и бразлетна во форма на синџир. Иако блескавиот материјал од мантилот се граничи со невкус, пристојните детали и ставот на Сара Џесика Паркер помогнале да изгледа апсолутно фантастично.

извор:budi.in