Главната актерка во хит филмот „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, неодамна изјавила дека би сакала да сними уште едно продолжение на култниот филм. Актерката би сакала повторно да го оживее ликот на новинарката Кери Бредшо и вели дека не се грижи дали таа и нејзините колешки се сеуште атрактивни за вакво остварување.
Таа открила дека постоела уште една приказна која можеле да ја раскажат, но не сега, туку за некои пет години. Иако второто продолжение од филмот било негативно оценето од страна на критичарите, таа едвај чекала повторно да ги облече своите прочуени Маноло Бланик чевли.