Неодамна било објавено дека легендарните девојки од култната серија „Сексот и градот“
се враќаат на малите екрани и дека серијата повторно ќе почне да се снима. Сега пристигнала нова вест и тоа дека не чека трет филм „Сексот и градот“. Дека тоа ќе се случи потврдила и главната актерка Сара Џесика Паркер, која изјавила дека ќе се снима нов филм и дека знае која приказна ќе биде обработена.


Нејзината изјава се поврзала со изјавата на Дарен Стар, човекот кој ја створил серијата, која потврдува дека повторно ќе се снима и серијата. Покрај овие вести во Холивуд кружи уште една приказна, а тоа е дека ќе се снима филм кој зборува за тајните животи на главните јунакињи пред да станат некој и нешто на Менхетн.