Популарната Кери Бредшо би можела да се најде на местото главен и одговорен уредник на познатото модно списание Вог. Имено, на моментално актуелната уредничка Ана Винтур многу и се допаѓа Сара Џесика Паркер и го сака нејзиниот стил.
Извор изјавил дека ова воопшто не е шега и дека Ана сметала како Сара еден ден навистина може да ја наследи во Вог. Споментата актерка веќе била писател во серија и носела Маноло чевли. Се додава и дека Сара е сериозен кандидат за ова место, бидејќи веќе лансирала своја колекција обувки.