Познатиот брачен пар, Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик одлучиле да ја продадат четирикатната вила на Менхетн. Холивудските актери оваа куќа ја купиле минатата година, но се до моментот кога одлучиле да ја продадат во неа не минале ниту еден ден. Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ и нејзиниот сопруг набрзо по купувањето на вилата одлучиле да не живеат во неа поради недостатокот на приватност во Њујорк.
За својот нов дом минатата година издвоиле 19 милиони долари, а само една година подоцна продажната цена на нивната куќа пораснала за шест милиони долари. Парот изјавил дека идниот сопственик нема да има никакви безбедносни проблеми, бидејќи вилата поседувала одличен безбедносен систем. Куќата се состои од четири ката, шест спални соби, преубав салон и поседувала раскошна градина.