Кошаркарката Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид втора година по ред се наоѓа на поширокиот список на јуниорската репрезентација на Македонија.

Државната репрезентација до 18 години во женска конкуренција, ќе земе учество на Европското Првенство, дивизија Б, кое во периодот од 30.06 до 9.07 ќе се одигра во Софија, Бугарија, информираат од Кошаркарската Федерација на Северна Македонија.

Селекторот на женската јуниорска репрезентација, Јелена Антиќ, излезе со поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во подготвителниот период.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

  1. Марија Николов – Баскет Кам 2011
  2. Ана Милованова – Баскет Кам 2011
  3. Мила Ѓуковиќ – Баскет Кам 2011
  4. Милица Николиќ – Torrelodones, Шпанија
  5. Ања Начевска – Вардар
  6. Мартина Џангаровска – Вардар
  7. Михаела Алексовска – Крива Паланка
  8. Ксенија Петревска – Крива Паланка
  9. Божица Стоевска – Крива Паланка
  10. Климентина Модева – Струга 2009
  11. Евгенија Танаскоска – Michigan Magic AAU, САД
  12. Јована Димковска – Бадел 1862
  13. Зара Стојковска – Бадел 1862
  14. Ана Ангеловска – Патриот 2016
  15. Белма Дечковиќ – МЗТ Скопје Аеродром
  16. Ива Дојчинова – Тим Арена
  17. Сара Ѓорѓиеска – ГКК Охрид
  18. Љубица Бошкова – Јанбор
  19. Анастасија Тодорова – Јанбор
  20. Ангела Анѓелеска – Вардар
  21. Деа Хоџа – Шкупи
  22. Мила Ќолчевска – Пробаскет Кавадарци
  23. Ана Иветиќ – Тим Арена
  24. Матеа Митева – Тим Арена
  25. Ана Ѓорѓиевска – Тетова Булс.

Подготовките односно селективните тренинзи, ќе се одвиваат во Скопје, a првиот тренинг е закажан за 29.05.2023 година (понеделник).

OhridNews

фото. ГКК Охрид