Кошаркарката Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид втора година по ред се наоѓа на поширокиот список на јуниорската репрезентација на Македонија.
Државната репрезентација до 18 години во женска конкуренција, ќе земе учество на Европското Првенство, дивизија Б, кое во периодот од 30.06 до 9.07 ќе се одигра во Софија, Бугарија, информираат од Кошаркарската Федерација на Северна Македонија.
Селекторот на женската јуниорска репрезентација, Јелена Антиќ, излезе со поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во подготвителниот период.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
- Марија Николов – Баскет Кам 2011
- Ана Милованова – Баскет Кам 2011
- Мила Ѓуковиќ – Баскет Кам 2011
- Милица Николиќ – Torrelodones, Шпанија
- Ања Начевска – Вардар
- Мартина Џангаровска – Вардар
- Михаела Алексовска – Крива Паланка
- Ксенија Петревска – Крива Паланка
- Божица Стоевска – Крива Паланка
- Климентина Модева – Струга 2009
- Евгенија Танаскоска – Michigan Magic AAU, САД
- Јована Димковска – Бадел 1862
- Зара Стојковска – Бадел 1862
- Ана Ангеловска – Патриот 2016
- Белма Дечковиќ – МЗТ Скопје Аеродром
- Ива Дојчинова – Тим Арена
- Сара Ѓорѓиеска – ГКК Охрид
- Љубица Бошкова – Јанбор
- Анастасија Тодорова – Јанбор
- Ангела Анѓелеска – Вардар
- Деа Хоџа – Шкупи
- Мила Ќолчевска – Пробаскет Кавадарци
- Ана Иветиќ – Тим Арена
- Матеа Митева – Тим Арена
- Ана Ѓорѓиевска – Тетова Булс.
Подготовките односно селективните тренинзи, ќе се одвиваат во Скопје, a првиот тренинг е закажан за 29.05.2023 година (понеделник).
OhridNews
фото. ГКК Охрид