Зрењанинската фабрика Луксол, планира на пазарот да го исфрли сапунот кој порано се произведувал исклучиво за Јосип Броз Тито. Иаку се уште не е познато кога сапунот ќе го здогледа светлото на денот, српскиот весник „Прес“ дознава дека ќе се вика „Маршал“ и дека ќе биде произведен од најквалитетни состојки.


Фабриката ги сочувала оригиналните калапи со натпис “English bath soap”, додека рецептот за производство на титовиот сапун е строго чувана тајна.

„Како и кај оригиналот, ќе користиме само најквалитетни состојки, како етерични масла и мед, а за потребите на производството ќе биде оспособена старата лента на која некогаш се произведувал сапунот“, велат од зрењанинскиот Луксол.