Берлускони бил подлегнат на липосукција на една швајцарска клиника во 2004 година. Еден од вработените на таа клиника го дал неговото сало на еден уметник кој од него направил сапун. Клиниката на која бил опериран упорно ги отфрла тврдењата за потеклото на салото. Уметникот рекол дека слободно можат да направат ДНК анализа за да се докажат неговите тврдења.
Публиката ќе може да го види сапунот во музејот Мигрос во Цирих. Тоа ќе биде неговото прво прикажување во јавност од 2005 година кога бил продаден на еден приватен колекционер за 10 илјади евра. Ова несекојдневно уметничко дело е наречено „Чисти раце“, по кампањата која била спроведена во Италија за да сврти вниманието кон политичката корупција.