Поранешниот тренер на Реал Мадрид Сантијаго Солари најверојатно ќе биде првиот тренер во клубот Интер од Мајами чиј сопственик е легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.
Аргентинскиот стручњак не се прослави на клупата од „кралевите“ и доби отказ во вториот дел од сезоната, а водењето на Интер ќе биде втора прилика за Солари.
Бекам и Солари, заедно играа во Реал Мадрид и како што пренесуваат медиумите од САД останале во добри односи и соработката ќе биде објавена наскоро. Клубот, полека играчки се екипира и од следната сезона ќе почне да се натпреварува во МЛС лигата.
Бекам после завршувањето на кариерата се повлече од фудбалот, а ова ќе биде негово враќање таму каде што прослави и стекна светска слава.
OhridNews