Екипите на Шкендија и Шкупи претрпеа порази во првите мечеви од втората квалификациска рунда во Конференциска лига. Тетовските „црвено црни“ изгубија од Рига (2-0) во Латвија, додека скопските „сино бели“ претрпеа пораз (3-0) од Санта Клара на домашен терен.

Фудбалерите на Рига триумфот над Шкендија го обезбедија со еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел погоди Весли, а во вториот Вакулку.

Санта Клара, пак, поведе со 1-0, после автоголот на Рватубаје. На 2-0 зголеми Карваљо, а конечните 3-0 ги постави Костиња.

Шкендија се уште има шанси, затоа што реваншот го игра на домашен терен, додека Шкупи го очекува невозможна мисија во реваншот кој ќе се одигра за недела дена во Португалија.

OhridNews