На помошник командир во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци бидејќи не презел мерки за да прекине нарушување на јавниот ред и мир;
На полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци, бидејќи во повеќе наврати задоцнил на работа и не постапувал по наредба од претпоставениот старешина. Со 15% од месечната плата во наредните четири месеци казнет е уште еден полициски службеник во СВР Охрид, затоа што не презел мерки да се најдат лица-нарушители на јавниот ред и мир, соопшти МВР.
Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 32 решенија против 32 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Најфлагрантно кршење на професионалните стандарди и незаконско работење е регистрирано кај вработен во СВР Битола на кој му е изречен отказ одгледувал дрога-марихуана.
извор: МВР