На полицаец во полицискатата станица во Охрид изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци, бидејќи зборувал на приватен мобилен телефон и не реагирал соодветно во присуство на претпоставените. Казана во износ од 15 отсто од платата во наредните четири месеци заработи и полицаец вработен на граничниот премин Аеродром Охрид, затоа што дозволил лице да оствари излез од РМ без притоа да се консултира со раководителот, бидејќи лицето можеби имало фалсификувана исправа, соопшти МВР.
Вкупно изминатата недела санкции се изречени против 22 полицајци поради повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.